Главната цел на овој проект е да придонесе во изучувањето на правото на повисоко ниво и во рамките на активностите надвор од факултетската настава на студентите по право низ практични методи на изучување на материјата.
Главната идеја на проектот е да се воспостави Moot Court Клуб како трајно тело кое ќе им помогне на студентите да се здобијат со пошироки познавања од областа на човековите права, односно Европската Конвенција за Човекови Права и врз нејзина основа, развиеното процесно право. Потоа, врз основа на оваа материја, студентите ќе можат да развијат вештини за дебатирање, изнесување факти и работа на вистински предмети од процесното право на Европскиот Суд за Човекови права.
Клубот ќе ги подготвува студентите за учество на регионални и интернационални натпревари, но истовремено ќе ги зголеми капацитетот и спосбностите на студентите.
Целна група на овој проект ќе бидат студентите од Правниот факултет Јустинијан Први во Скопје.
